397
Одлуката на Франција да испрати ракети со долг дострел во Украина е погрешна и полна со последици за украинската страна, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
Тој додаде дека останува да се види за колкав домет станува збор, пренесува РИА Новости.
„Од наша гледна точка, ова е погрешна одлука, полна со последици за украинската страна, бидејќи тоа, се разбира, ќе не принуди да преземеме контрамерки“, рече Песков, пренесува РИА Новости.