Tamiya Wild One Max (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
269 прегледи

Tamiya Wild One Max е електричен кабриолет што се продава во Велика Британија за 35.000 фунти.

The Wild One Max е во продукција на The Little Car Company од Bicester и ќе биде прикажан на овогодинешниот фестивал на брзината во Гудвуд.

Овој двосед има батерија од 14,4 kWh (дометот е 193 km), тежината на возилото е 500 kg, додека максималната брзина е 100 km/h.

Прочитајте повеќе:

Треба да се спомене и дека растојанието од подлогата е 270 mm.

Стандардно, Wild One Max добива Cobra седишта со ремени со четири точки, прилагодливи Bilstein амортизери, пружини Eibach, централен дисплеј од 5,0 инчи, камера за рикверц и комплет налепници во ретро стил.

Возилото може да се нарача со волан на левата или десната страна, додека испораките се очекуваат на почетокот на 2024 година.