Џонсон го повика Западот да не се откажува: „Киев мора да ја добие војната“

од Stefanija Kuzmanovska
213 прегледи

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон го повика Западот да не се откажува од борбата на Украина против Русија и порача дека Киев „мора да ја добие војната“.

Во интервју за Си-Ен-Ен, тој рече дека „не може да има оправдување“ за одложување на членството на Украина во НАТО.

„Не може да има можно оправдување или причина да продолжиме да се плеткаме и одложуваме. Последниот преостанат приговор беше дека тоа би било провокативно за (рускиот претседател) Владимир Путин. Па, видовме што се случува кога ја немате Украина во НАТО, ја предизвикувате најлошата војна во Европа во последните 80 години“, рече Џонсон.

Слични содржини