256
Кина и Русија мора да ја зајакнат стратешката комуникација и координација, изјави денеска директорот на Канцеларијата на Комисијата за надворешни работи на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина, Ванг Ји, на средбата во Џакарта со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Кина е подготвена да работи со Русија за да ја поддржи централната улога на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН) и да биде внимателна против мешање од надворешни сили“, рече Ванг, соопшти кинеското министерство за надворешни работи, пренесе „Ројтерс“.
Двете страни ги поддржуваат Индонезија и земјите од АСЕАН во усвојувањето на „правилната насока“ на соработка во Источна Азија, рече Ванг.