Фон дер Лејен: Продолжувањето на договорот за жито зависи од Русија

од Stefanija Kuzmanovska
246 прегледи

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лејен изјави дека продолжувањето на договорот за извоз на црноморското жито зависи од Русија.

„Русија е одговорна за продолжување на договорот или ќе се почувствуваат последиците за глобалната безбедност на храната“, рече таа во Брисел, пренесе „Интерфакс“.

Во исто време, Фон дер Лејен му се заблагодари на генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш „за неговите неуморни напори во врска со договорот за жито“.

Слични содржини