318
Мал авион се урна денес во шумска област во близина на езерото Озарк во централниот дел на американската сојузна држава Мисури, при што загинаа две лица, а трето е тешко повредено.
Починале млади момчиња на возраст од 19 и 22 години, додека третиот сопатник (54) е тешко повреден, соопшти полицијата.
Несреќата се случила нешто по 12:00 часот, веднаш по полетувањето на авионот од аеродромот на плажата Осидџ.
Мотоциклист кој случајно се нашол во близина повикал полиција и рекол дека авионот паѓа, а спасувачите ги пронашле остатоците во близина на дрво.
Причината за несреќата е под истрага.