Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија досега немала потреба да користи касетна муниција, но дека тоа ќе го направи доколку се користи против неа.
„Доколку се користи против нас, ќе го направиме истото“, рече Путин во видеото објавено на каналот Телеграм.
„До сега не сме го правеле тоа, не сме користеле касетна муниција. Немаше потреба. Се разбира, доколку се користат против нас, го задржуваме правото да одговориме со иста мерка“, рече Путин.
Треба да се потсети дека генералниот директор за операции на здружениот штаб Даглас Симс во четвртокот на брифингот во Пентагон изјави дека Украина добива касетна муниција не само од САД, туку и од други земји.
Портпаролот на украинската оперативно-стратешка група Таврија под украинската армија, Валери Шершен, претходно најави дека американската касетна муниција ќе се користи „исклучиво за деокупација на Украина во борбата против руските позиции“.