Кинескиот претседател Си Џинпинг се сретна во Пекинг со поранешниот американски дипломат Хенри Кисинџер, објавија денеска кинеските државни медиуми.
Не се соопштуваат дополнителни детали од разговорите, објави „Ројтерс“.
Кисинџер, исто така, се состана со највисокиот кинески дипломат Ванг Ји и со кинескиот министер за одбрана Ли Шангфу во последните денови.
Кисинџер служеше како американски државен секретар и советник за национална безбедност во администрациите на претседателите Ричард Никсон и Џералд Форд и одигра клучна дипломатска улога во нормализирањето на врските меѓу Вашингтон и Пекинг во 1970-тите.
Вашингтон соопшти дека бил информиран за патувањето на Кисинџер во Кина оваа недела, но рече дека Кисинџер не дејствувал во име на американската влада.
Кисинџер редовно ја посетува Кина откако ја напушти функцијата, пренесува „Танјуг“.