Украинската воздушна одбрана ги уништи сите пет нападни беспилотни летала Шахед-136/131 со кои руските сили синоќа ја нападнаа Украина од југоисток, соопшти Военото воздухопловство на вооружените сили на Украина.
Покрај тоа, украинската воздушна одбрана уништила девет руски извидувачки беспилотни летала во текот на изминатиот ден, пренесува Интерфакс Украина.