Украина тврди дека ослободила повеќе од 16 квадратни километри на исток и југ

од Stefanija Kuzmanovska
185 прегледи

Украина тврди дека повторно зазела повеќе од 16 квадратни километри територија од руските сили на истокот и југот на земјата, речиси два месеци по почетокот на контраофанзивата наменета за истиснување на руските војници од Украина.

„За време на неделата во секторот Бахмут беа ослободени четири квадратни километри, а на југ 12,6 квадратни километри“, изјави за украинската телевизија заменик-министерката за одбрана Хана Маљар.

Таа ги поздрави тие „успеси“ во двете зони каде што украинската армија со недели се обидува да ја пробие руската одбрана.

Од почетокот на контраофанзивата на почетокот на јуни, украинските сили „ослободија“ 35 квадратни километри во источната зона околу Бахмут и 192 квадратни километри на југ, додаде заменик министерот.

Таа, исто така, рече дека во изминатата недела, руската војска извршила напади со цел да ги потисне украинските трупи подалеку од реката Оскил и да ги испита слабите точки во украинската одбрана кон Купјанск на североисток.

Во последните денови руската војска тврдеше дека постигнала одреден напредок во зоната, велејќи дека ја презела контролата врз железничка станица.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека украинската контраофанзива „пропаднала“, додека Киев неодамна призна дека големата операција ќе биде „долга и тешка“.

Слични содржини