Volkswagen Glamper Van создаден за селфи и Instagram

од Vladimir Zorba
308 прегледи

Volkswagen претстави уникатно комбе со неконвенционален изглед.

Неговото име е Glamper Van, и е преработка на електричниот модел ID. Buzz. И додека неговиот духовен претходник беше заштитен знак на хипи генерацијата, новиот ID. Buzz е насочен и кон помлада публика. Модификацијата потпишана од филијалата на комерцијални возила на Volkswagen носи, накратко кажано, мобилна фото кабина.

Возилото доби уникатен ентериер каде подот е покриен со вештачка трева, а страничните панели со вештачко цвеќе. Централното место го зазема троседот покриен со соодветна колоритна покривка. Стандардна опрема е камера како и бројни филтри кои овозможуваат создавање специјални фотографии, наведува „Index“.

Посетителите на фестивалот PennFest во Бакингемшир, Англија, први го пробаа комбето во поглед на фотографијата. Да кажеме и дека ова не е прв случај на ваква обработка. Имено, Glamper Van доаѓа како наследник на Pamper Van кој беше претставен минатата година, а ја користеше основата на Multivan.

„По успехот на минатогодишното Pamper Van, Volkswagen е воодушевен што им помага на посетителите на фестивалот повторно да прославуваат со новото Glamper Van. Со вградениот фото штанд, тој е идеален амбиент за правење совршени фестивалски фотографии и ја покажува фантастичната разновидност на целосно електричниот ID. Buzz.