Републиканскиот претседателски кандидат и гувернер на Флорида доживеа сообраќајна несреќа

од Stefanija Kuzmanovska
255 прегледи

Републиканскиот претседателски кандидат и гувернер на Флорида, Рон ДеСантис, денеска доживеал сообраќајна несреќа во Тенеси, соопшти неговиот тим.

„Гувернерот утрово доживеа сообраќајна несреќа додека патуваше на настан во Чатануга, Тенеси“, изјави портпаролот на ДеСантис, Брајан Грифин, пренесе „Фокс њуз“.

Грифин додаде дека ДеСантис и неговиот тим не се повредени.

Слични содржини