Honda ќе ја прослави својата 75-годишнина оваа есен, а гласините велат дека јапонската компанија можеби би можела да претстави нов S2000 по повод овој настан.
Британските медиуми пишуваат дека Honda ќе го „зашемети светот со својот прв електричен спортски автомобил“ подоцна оваа година. Тој модел треба да се базира на новата архитектура e:N, со електричен мотор поставен одзади.
Honda навести два електрични спортски автомобили минатата година, кога ги објави плановите за лансирање на 30 електрични возила на глобално ниво до 2030 година (целта е да се произведуваат повеќе од 2 милиони единици годишно).
Во тоа време, компанијата не кажа многу за нив, освен дека едното е „специјално“ возило, додека другото е „предводник“ модел. Се верува дека вториот е следната генерација на Acura/Honda NSX, додека првиот би требало да биде „оживеаниот“ S2000.
Во секој случај, повеќе информации се очекуваат подоцна оваа година.