Manhart Performance претставува тјуниран BMW M340d, овде наречен Manhart MH3 400d.
Автомобилот доби засилен 3,0 литарски дизел мотор со шест цилиндри, кој наместо фабричките 340 КС и 700 Nm сега развива 380 КС и 770 Nm вртежен момент. Податоци за забрзување и максимална брзина не се споменуваат во кратката вест.

Дополнително, има и аеро боди кит (преден сплитер, заден дифузор…), спортски издувен систем (со четири издувни цевки од 90 mm), 20-инчни Manhart Concave One бандажи во мат црна боја, гуми 255/30ZR20 и 275/ 30ZR20, пружини H&R (автомобилот е понизок за 30-40 mm), сребрени и црвени акценти на надворешноста, акценти од јаглеродни влакна во внатрешноста и осветлени прагови на вратите.