Nissan означи пресвртница во својата стратегија за електрификација. Компанијата соопшти дека досега има продадено повеќе од милион електрични автомобили ширум светот, ставајќи ја на подиумот за продажба на електрични возила зад BYD и Tesla.
Успехот на јапонската компанија најмногу се должи на Nissan Leaf, на кој отпаѓаат 650.000 единици од тие продажби. Европа најдобро реагираше на електричните автомобили на Nissan, преземајќи една третина од вкупното производство на ЕВ на јапонската компанија во изминатите 13 години.
Nissan има амбициозна стратегија за електрификација во која до 2030 година ќе лансира 19 нови електрични возила.
Nissan има за цел да ја зголеми продажбата уште повеќе и се надева дека електрифицираните возила ќе учествуваат со 75 отсто од неговата продажба во Европа, 55 отсто во Јапонија и 40 отсто во Кина.
Компанијата исто така има за цел 40 отсто од продажбата на автомобили во САД да биде или хибридна или целосно електрични до 2030 година.