Nissan Z Nismo

од Vladimir Zorba
207 прегледи

Nissan Z беше прикажан и во спортското Nismo издание кое беше најавено пред неколку месеци.

Nissan Z Nismo се издвојува со нов аеродинамичен пакет (различен преден браник со сплитер, редизајнирани прагови, поголем заден спојлер, заден дифузор со поагресивен изглед), како и црвени детали, црн покрив, 19-инчни Rays тркала, гуми Dunlop SP Sport Maxx GT600, изменета суспензија, посилни сопирачки, седишта Recaro со кожа и алкантара, спортски волан со алкантара и кожа, рафинирана табла со инструменти и посилен мотор.

Моторот е 3,0-литарски V6 со двоен турбополнач со 420 КС (20 КС повеќе од стандардниот модел), со погон на задните тркала и надграден 9-брзински автоматски менувач за кој Nissan тврди дека може да менува брзини речиси 50% побрзо од стандардниот Z автоматски.

Автомобилот ќе биде достапен во црна, бела, сребрена, црвена и сива боја, а во салоните ќе се појави оваа есен (засега не се знае по која цена).