Застрелан турски вработен во почесниот конзулат на Шведска во Измир

од Vladimir Zorba
346 прегледи

Турски член на персоналот во почесниот конзулат на Шведска во западниот град Измир бил застрелан и тешко ранет пред зградата на конзулатот, јави денеска државната телевизија ТРТ, пренесува Ројтерс.

Канцеларијата на гувернерот на Измир соопшти дека е уапсен турски државјанин регистриран во источната провинција Агри.

Полицијата го истражува инцидентот, се додава.

Министерството за надворешни работи на Шведска не можеше веднаш да го коментира извештајот.

Слични содржини