(ВИДЕО) Мистериозен облак се појави во Русија, изгледа како нуклеарна печурка

од Vladimir Zorba
613 прегледи

Жителите на Казан, петтиот по големина град во Русија, вчера на социјалните мрежи објавија слики од облак кој личи на нуклеарна печурка.

Локалниот медиум „Вечерња Казан“ тврди дека се работи за метеоролошки феномен наречен кумулонимбус или облак налик на наковална.

Кумулонимбус е густ, вертикален облак кој содржи грмотевици, формиран од издигнување на топол, влажен и нестабилен воздух. Горниот дел од облакот често се протега хоризонтално, па облакот добива облик на наковална или печурка.

НАСА вели дека овој тип на облак е поверојатно да се формира на тропски широчини во текот на целата година и во текот на летната сезона на повисоките географски широчини.

Слични содржини