Ја поминал цела Канада со електричниот Volkswagen ID.4

од Vladimir Zorba
382 прегледи

Volkswagen ID.4, управуван од авантуристот Рајнер Зитлоу, тргна на 25 јули од Св. Џонс на источниот брег на Канада. По седум дена возење и 7133 километри, тој стигнал до западниот брег на земјата, откако го наполнил своето електрично возило (само) 18 пати, со што постигнал светски рекорд.

Патувањето завршило во Викторија на западниот брег на Канада. Помеѓу пополнувањата во просек патувал 396 километри, што му помогнало да го постави Гинисовиот рекорд за минување низ Канада со најмалку полнења, пишува „HAK“.

Теренецот ID.4 на Volkswagen се покажа како идеален придружник за авантура, напиша производителот во соопштението, обезбедувајќи удобност, простор и опсег потребни за надминување на илјадниците километри што ги делат источниот и западниот брег на земјата. Зитлоу, роден Германец, вози VW од 2005 година.

Пред две години, Зитлоу постави рекорд возејќи 57.566 километри низ сите 48 држави на континентална Америка со електрично возило. Патувањето траело 97 дена, а патем посетил повеќе од 628 дилери на Volkswagen.