Обновениот Hongqi HS7

од Vladimir Zorba
248 прегледи

Hongqi официјално започна со продажба на ажурираната верзија на теренецот HS7 во Кина, која е достапна во верзии со пет, шест или седум седишта.

Надворешноста е направена во новиот корпоративен стил Hongqi, кој веќе им е доделен на седаните H5 и H9, рестилизираните теренци HS5 и HS3.

Карактеристиките на овој стил вклучуваат голема предна решетка и хромирани хоризонтални ленти на задните столбови на покривот.

Новиот HS7 е долг 4995 mm, широк 1960 mm, висок 1760 mm и меѓуоскино растојание од 2920 mm, додека тркалата се од 18 до 20 инчи.

Во кабината има голема дигитална инструмент табла и мултимедијален систем со вертикален таблет, како и двобојни кожни седишта.

Засега Hongqi HS7 се нуди само со 2.0-литарски турбо бензински мотор со 252 КС и 380 Nm, но подоцна би требало да се појави 3.0-литарски V6 со 337 КС и 445 Nm.

HS7 чини од 36.200 до 46.900 долари во Кина.