Се појави ВИДЕО од малтретирање на руски регрути: Командант ги соблекува и ги тера да корнат трева

од Nikola Popovski
268 прегледи

Неодамна објавеното видео на кое се гледа како командант на руска бригада ги принудува војниците да се соблечат голи, а потоа ги тепа во суров ритуал на мачење, ги шокираше дури и војниците навикнати на груб третман во руската војска.

Снимката, пренесува Инсајдер, открива офицер од 4-та тенковска дивизија во близина на Москва како ги тера голите војници да корнат трева. Војниците на видеото го изразуваат своето незадоволство од овоа малтретирање, иако тоа е вообичаено искуство за руските војници, како што наведува „WarTranslated“, блог кој ги следи настаните во Украина.

Повикаа воена полиција и ги соблекоа мажите голи. Луѓето се бесни затоа што тој ги мачи војниците, вели еден војник во видеото, според преводот на „WarTranslated“.

Станува збор за 4-та гардиска тенковска дивизија во Наро-Фоминск, надвор од Москва. Оваа дивизија претрпе големи загуби во Украина.

Злоставувањето во рамките на руската војска има долга и трагична историја. Бруталната традиција позната како „дедовшчина“ е форма на малтретирање што често се нанесува на војници од понизок ранг, што создава пречки во регрутирање млади мажи кои се плашат да бидат понижени или повредени.

Според извештајот на „The Moscow Times“, оваа практика трае со векови, но руската влада донесе серија реформи во 2008 година со цел да се искорени проблемот.

На неодамна објавеното видео војниците го изразуваат своето длабоко незадоволство и предупредуваат дека нивните претпоставени опасно ги надминале границите на трпението.

Ќе има бунт ако продолжат вака. Секој има свои граници, вели еден од војниците.

Слични содржини