189
Во цела Украина е прогласена вонредна состојба, а во Киев одекнале експлозии, јавуваат украинските медиуми.
Украинското воено воздухопловство предупреди дека постои ризик од ракетен напад на целата територија на земјата, пишува Украинска Правда.
Според извештаите, руските сили лансирале ракети Кинжал од авионите МГ-31Х во правец на регионот Киев.
Противвоздушната одбрана е активирана во Киев.
Градоначалникот Виталиј Кличко потврдил дека во градот се слушаат експлозии и ги повикал граѓаните да останат во своите засолништа.
Експлозии. Останете во засолништата, ве молам, напишл Кличко на Телеграм.
Фото: Maxym Marusenko/NurPhoto / Shutterstock Editorial / Profimedia