Русија стравува дека САД се подготвуваат да го попречат Договорот за неширење на нуклеарно оружје, изјавил рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на 11. Московска конференција за меѓународна безбедност.
Сега САД пушти во вода цела низа договори во областа на контролата на оружјето и неширењето на оружјето. Тие се подготвени, дури има и такви стравувања, да допрат еден од клучните елементи на глобалната безбедносна архитектура, а тоа е Договорот за неширење на нуклеарното оружје. Гледаме дека таквите ризици постојат како резултат на отворените обиди да се одвои англосаксонскиот проект во новиот воен блок АУКУС од таа процедура, рекол Лавров.
Рускиот министер изјавил и дека Западот, „пумпајќи ја Украина со оружје“, го поттикнува конфликтот и ја зголемува опасноста од конфликт меѓу нуклеарните држави.
Западот, како што предупредил, ги игнорира сите сигнали на Русија за опасноста оружјето што му се доставува на Киев да се прошири низ светот.
Западот едногласно бара обнова на демократијата во Нигер иако го игнорираше државниот удар во Киев во 2014 година, рече Лавров.
„Погледнете како Западот реагира на државниот удар во Нигер, барајќи обнова на демократијата“, додал тој, истакнувајќи дека западните земји речиси и не реагирале на смената на легитимната влада во Украина преку крвав пуч во 2014 година.