220
Денеска (16.08) полициски службеници од СВР Битола -ОВР Прилеп го лишиле од слобода Д.В.( 47) од Прилеп. Имено, по претходно издадена наредба од Основен суд Прилеп, извршен е претрес во викенд куќа лоцирана во с. Старо Лагово, прилепско, сопственост на Д.В., и пронајдена е кафеава прашкаста материја и дигитални ваги, соопшти МВР.
По документирање на настанот против лицето ќе следува соодветен поднесок.