268
Словачката полиција денеска го обвини шефот на разузнавачката служба и други високи функционери во безбедносната заедница за формирање криминална група и заговор за злоупотреба на положбата.
„Истражителот поднесе обвинителен акт за кривично дело основање, формирање и поддржување криминална група, кривично дело злоупотреба на јавни овластувања и кривично дело попречување на правдата“, изјави на прес-конференција началникот на полицијата Стефан Хамран, пренесе „Ројтерс“.
Полицијата ги идентификуваше обвинетите само по име, но Хамран потврди дека меѓу обвинетите се актуелниот шеф на словачката разузнавачка служба Роман Алач, неговиот претходник Владимир Пчолински и директорот на Управата за национална безбедност Роман Конечни.