300
Првиот товарен брод, кој помина низ украинскиот хуманитарен коридор на Црното Море, влезе во Босфорскиот теснец во Турција, изјавил денеска неименуван сведок за Ројтерс.
Станува збор за товарниот контејнерски брод Јозеп Шулц, кој плови под знамето на Хонг Конг, и кој на почетокот на неделава го напуштил украинското црноморско пристаниште Одеса.
Украина минатата недела објави дека ќе организира „хуманитарен коридор“ во Црното Море за товарни бродови заглавени во нејзините пристаништа, откако преговорите за продолжување на договорот за извоз на жито пропаднаа минатиот месец.
Москва не соопшти дали ќе го почитува поморскиот коридор. Локалните турски медиуми објавија дека бродот ќе се закотви во пристаништето Амбарли на југот на Истанбул.