Ковачевски: Груевски не седи во чекалната, тој побегна во земја-членка на НАТО и ЕУ, а не во Таџикистан

од Radmila Tasevska
919 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за Сител телевизија оцени дека е успешен почеток на процесот на уставните измени.

– Интересно е што ВМРО – ДПМНЕ да не определи свој пратеник од политичката партија да ги изнесе нивните ставови. Туку ставовите на нивната пратеничка група ги изнесе независен пратеник, што исто така остава простор да се разговара нормално на сите нивоа, со ВМРО – ДПМНЕ со цел да се убедат дека сега е моментот да се донесе оваа важна одлука бидејќи сега е годината кога прво, можеме да ја одржиме втората меѓувладина конференција, таа е веќе закажана според преговарачката рамка и второ, е пред изборите во ЕУ. Идната година во ЕУ има европски избори, потоа ќе има нова ЕК, ЕС итн. Што секако дека ќе ги усложни работите, рече Ковачевски.

Тој ги повика пратениците да ги поддржат уставните измени.

– Не може на Мицкоски ако му се седи во чекалната десет, дваесет години сите да седиме во чекалната исто како што тоа го правеше неговиот претходник Никола Груевски. Ако седи во чекалната тогаш ме потсетува на неговиот претходник, кој отиде во земја членка на ЕУ и НАТО, во Унгарија, а не во Таџикистан, рече Ковачевски.

Слични содржини