Две лица се повредени при пад на делови од соборените дронови во Московската област, соопшти денеска гувернерот Андреј Воробјов.
Тој изјави дека остатоците од еден од двата дрона кои денеска ги пресретнаа руските воздухопловни сили паднале врз куќа во градскиот округ Истра, пренесува „Известија“.
„Две лица се повредени – мажот е хоспитализиран во медицинска установа, жената одби хоспитализација“, напиша Воробјов на својот канал Телеграм.