Уште 850 лица се уште се водат за исчезнати по катастрофалните пожари на Хавaите

од Radmila Tasevska
308 прегледи

Околу 850 лица се уште се водат за исчезнати по разорните шумски пожари на хавајскиот остров Мауи, изјави градоначалникот на оваа област Ричард Бисен.

Бисен кажа дека повеќе од 1.200 лица, кои биле на списокот на исчезнати, досега се пронајдени безбедни, а се очекува бројките да варираат, јави Радио Слободна Европа.

Официјално е потврдено дека досега во пожарите загинаа 141 лице.

Американскиот претседател Џо Бајден треба да го посети островот, првпат откако островот го зафатија пожарите.

Официјален претставник на Белата куќа за американските медиуми изјави дека Бајден планира да именува федерален службеник за итни случаи кој ќе ги води долгорочните напори за закрепнување на островот.

Пожарот уништи голем дел од историскиот град Мауи Лахаина, а овие пожари се сметаат за најлошата природна катастрофа во историјата на Хаваите.

Слични содржини