206
Иран денеска го претстави новото беспилотно летало (UAV) кое може да лета без престан 24 часа.
Дронот наречен „Мохаџер-10“ има оперативен дострел од 2.000 километри и беше претставен на церемонија по повод Денот на одбранбената индустрија, пренесува агенцијата ИРНА.
„Мохаџер-10“ има капацитет на гориво од 450 литри и носивост од 300 килограми.