Институтот за проучување на војната (ISW) наведува дека Кремљ и понатаму е загрижен поради посмртното влијание на шефот на платеничката група „Вагнер“, Евгениј Пригожин.
Цитираше повеќе руски весници, вклучително и The Moscow Times, кои разговарале со двајца функционери во ФСБ и претседателската администрација, кои тврдат дека Кремљ намерно го чувал во тајност погребот на Пригожин за да не направи од него маченик.
Во извештајот на ISW се наведува дека високи претставници на Кремљ и ФСБ се сретнале за да спречат каква било можност за јавен протест.
Се додава дека и голем број руски воени блогери изјавиле дека немањето информации за погребот веројатно е обид на Москва да го отстрани целиот случај од очите на јавноста.
Имено, многу малку извештаи за погребот на Пригожин се појавија во руските медиуми, а објавените информации често беа збунувачки и контрадикторни; како што се разни објави во кои се наведува различна локација на погребот. ISW смета дека ваквите наводи во медиумите не биле обична случајност, пишува Sky News.