Град Скопје: Да бидат детално разгледани сите факти во врска со обвинувањата на репортерот Мартин Арсов

од Radmila Tasevska
178 прегледи

Здружението на новинари на Македонија – ЗНМ како и Македонската асоцијација на новинари – МАН сериозно и детално да ги разгледаат сите факти во врска со обвинувањата на репортерот Мартин Арсов, реагираат попладнево во соопштение од Град Скопје.

Реакцијата следи откако новинарските здруженија побараа да се расчисти случајот со вчерашниот инцидент со новинарот Мартин Арсов од ТВ Сител по објавите дека бил нападнат од лице задолжено за односи со јавност во град Скопје.

-Правото и слободата на говорот и јавното информирање е прво и основно правило на демократијата, се разбира само тогаш кога ова право не се злоупотребува како инструмент на политички и лични интереси и во свесно ширење на лаги и дезинформации. Го осудуваме секое насилство кон новинарите, но и насилството од новинарите, велат од Град Скопје.

Бараат да биде преиспитано и неговото членство во новинарските организации, тврдејќи дека новинарот во текот на вчерашниот ден ги прекршил во целост етичките кодекси.

Слични содржини