215
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднела кривична пријава против М.И.(29) од виничкото село Пекљане, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама” и кривично дело „фалсификување пари“.
Имено, на почетокот на јуни 2023 година, соопштија денеска од МВР, жена од Скопје објавила оглас за продажба на мобилен телефон, по што пријавениот и се јавил и се договориле да го купи телефонот.
– Откако ѝ дал четири банкноти од по 100 евра, таа се посомневала во нивната исправност и настанот го пријавила во полициска станица. По извршените проверки било утврдено дека парите се фалсификат, појаснуваат од МВР.