220
Германија нема да ja условува визната либерализација за Косово, коja треба да стапи на сила од први јануари, објави порталот „Еурактив“, наведувајќи дека по ова прашање меѓу Франција и Германија има разлики во ставовите.
Францускиот претседател Емануел Макрон се најде на насловните страници минатата недела кога предложи дека безвизниот режим за Косово би можел да биде ревидиран од Париз и Берлин, доколку Приштина не ги реши актуелните тензии на северот на Косово и во дијалог со Белград.
Сепак, според „Еурактив“, повикувајќи се на извор близок до германското МНР, Германија ќе се држи до првичната временска рамка, што укажува на разлики во позициите на Берлин и Париз.