215
Во рускиот ракетен напад во Константиновка во Украина загинаа вкупно 17 лица, а ранети се 32, напиша украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко на Телеграм.
„До 18 часот, од руското гранатирање загинаа 17 лица, а 32 се повредени“, се вели во соопштението на министерот.
Акцијата за пребарување и спасување е завршена.
Како што беше објавено претходно денеска, руските сили го нападнале централниот пазар во Костантиновка, регионот Доњецк.
Во врска со нападот, украинскиот претседател Володимир Зеленски истакна дека „руската армија секогаш удира врз цивилни граѓани кога украинските одбранбени сили постигнуваат успеси на фронтот“.