246
Украина почна да извезува жито преку хрватските поморски пристаништа, со цел да ги прошири извозните рути додека нејзините црноморски пристаништа се блокирани, изјави денеска првиот заменик-премиер на Украина, Јулија Свириденко.
„Ние сме благодарни за оваа можност. Иако е само дел од трговскиот пат, таа е веќе корисна“, наведе таа во писмената изјава, без да даде информации колку украинско жито веќе е испорачано преку хрватските пристаништа.
Таа додаде дека Киев е подготвен да го развие тој транспортен коридор со проширување на капацитетот, пренесува Ројтерс.