Во Белград се одржа Парада на гордоста

од Radmila Tasevska
201 прегледи

Со Парада на гордоста борците за правата на ЛГБТ плус заедницата денеска ќе пршетаа низ централните улици на Белград, која ќе заврши со концерт во главниот град на Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

Белградската Парада на гордоста се одржуваше под слоганот „Не сме ни блиску“, со кој се нагласува, како што соопштија организаторите, дека ЛГБТ плус заедницата во Србија се соочува со насилство и дискриминација и дека нивните барања не се исполнуваат.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека нема да го истакнува знамето со виножито на зградата на Претседателството, а исто така порача и градоначалникот на Белград Александар Шапиќ.

Претходната година во Белград се одржа „Европрајд“, најголемата европска манифестација на борбата за правата на ЛГБТ плус заедницата. Планираната прошетка на учесниците тогаш беше забранета, но собирот се одржа, а учесниците беа спроведени низ централните белградски улици до Ташмајдан, каде потоа се одржуваа концертите.

На улиците на Белград беа присутни голем број полицајци, а паралелно со Парадата на гордоста имаше и протести на десничарските организации и противниците на парадата на гордоста.

Слични содржини