Естонија и Латвија потпишаа договор за купување германски противвоздушен ракетен систем

од Radmila Tasevska
227 прегледи

Естонија и Латвија денеска потпишаа договор со Германија за купување ракетен систем за противвоздушна одбрана со среден дострел, кој го отвора патот на двете балтички земји да се приклучат на заедничкиот систем за противвоздушна одбрана предложен од Германија минатата година.

Договорот е потпишан на состанокот на министрите за одбрана во германскиот град Ретенбах и вклучува, како што изјавија официјални лица, продажба на одбранбените системи ИРИС-Т во вредност од една милијарда евра, произведени од германската компанија Диел дифенс.

Естонија и Латвија претходно потпишаа писма со намери да се приклучат на иницијативата „Скај штит“, заеднички систем за противвоздушна одбрана предложен од Германија во 2022 година по почетокот на руската војна против Украина.

Слични содржини