Над 2,3 милиони патници на приштинскиот аеродром во првите осум месеци од оваа година

од Radmila Tasevska
272 прегледи

Авторитетот на цвивилното воздухопловство на Косово (ЦАА) објави дека во првите осум месеци од 2023 година повеќе од 2,3 милиони патници отпатувале од и допатувале на Меѓународниот аеродром „Адем Јашари“ во близина на косовскиот главен град, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во денешната објава на својата официјална страница на Фејсбук, ЦАА информира дека во споменатиот период бројката на патници е зголемена за 13 отсто споредено со истиот перид 2022 година, додека само во месец август годинава се услужени 11 отсто повеќе патници одошто истиот месец минатата година.

– Во август месец на аеродромот „Адем Јашари  се услужени 411.162 патници, или 11% повеќе одошто истиот месец минатата година. Што се однесува до бројот на летови, во август имаше пораст од 6,4 отсто, односно 1.389 полетувања. Од јануари до август се услужени 2.334.648 патници, односно 13% повеќе одошто во истиот период минатата година, објави ЦАА.

Слични содржини