Ferrari 296 GTB претрпе фејслифтинг во тјунинг компанијата Mansory, која го именуваше својот пакет за надградба за 296 GTB „Tempesta“.
Се вели дека се користени голем број смели визуелни додатоци за да се направи 296 GTB уште повпечатлив, почнувајќи од предниот дел со елементи од јаглеродни влакна, вклучувајќи го предниот сплитер и предната решетка.
Има и отвори од јаглеродни влакна на предните браници, нови ретровизори и странични прегради (исто така направени од јаглеродни влакна, како и пар аеродинамични крила и заден дифузор.
296 GTB доби и тркала од 21 и 22 инчи (21×9 напред и 22×11,5 задни), со гуми 255/30 напред и 335/25 задни.
Mansory се погрижи и за внатрешноста, па седиштата, контролната табла, централната конзола и делови од воланот се во светло жолта кожа со црвени детали.
Бензинските и електричните мотори V6 заедно имаат 819 КС, но Mansory разви нов издувен систем и исто така направи некои промени во ECU единицата, па сега автомобилот има 870 КС и 750 Nm вртежен момент.