316
Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, изјави дека САД се загрижени за секаков вид потенцијална одбранбена соработка меѓу Русија и Северна Кореја, додавајќи дека САД внимателно ги следат контактите меѓу Москва и Пјонгјанг.
„Ниту една земја на планетата, никој не треба да му помага на Путин да ги убива невините Украинци. И ако решат да склучат некаков вид договор за оружје, очигледно ќе го измериме и соодветно ќе се справиме со тоа“, рече Кирби, цитиран од ВОА.
Порталот наведува дека Кина „претпазливо управува“ со оваа ситуација и „не сака да биде вовлечена во полемиката“ во време кога, како што се наведува, целиот свет ги следи преговорите за оружје меѓу Северна Кореја и Русија.