На почетокот на годината можевме да го видиме изгледот на првиот автомобил Xiaomi, а во меѓувреме го дознаваме и името.
Судејќи според веста, кинескиот гигант ги надмина своите ИТ ривали кои претходно најавија влез во светот на автомобилите. Xiaomi е на прво место, со електричен модел кој ќе се вика „Модена“.
Xiaomi го објави својот план за развој на автомобили пред две години, а веќе во јануари оваа година можевме да ги видиме првите слики од новиот модел. Минатиот месец компанијата доби одобрение од владата за можен почеток на производството, пишува „Index“.
Новиот модел го носи кодното име MS11, но некои медиуми дознаваат дека моделот ќе се вика „Модена“. Car News China известува дека производството на првата пред-серија веќе е започнато, по стапка од 50 автомобили неделно.
Xiaomi се уште чека дозвола од кинеското Министерство за економија и информатичка технологија, по што ќе започне продажбата. Се претпоставува дека ќе чини околу 27.400 американски долари и ќе се натпреварува со Tesla Model 3 и BYD Seal на кинескиот пазар.
Техничките информации се оскудни, а најновите споменуваат батерија со капацитет од дури 101 kWh, што би значело домет до 800 km.