181
Папата Франциск денеска ги повика верниците да се покаат за своите „еколошки гревови“.
„Со помош на Божјата милост, да усвоиме животни стилови кои се карактеризираат со намалување на отпадот и непотребното трошење“, напиша папата на мрежата Икс (Твитер).
Папата често зборува за потребата од борба против климатската криза. Пораката беше постирана пред објавувањето на 4 октомври на втората верзија на неговата енциклика „Laudato Si“ објави Анса.
Во енцикликата од 2015 година за „грижа за нашиот заеднички дом“, аргентинскиот папа го критикуваше консумеризмот и деградацијата на животната средина и повика на акција за борба против глобалното затоплување.