Коциќ: Доколку бараме нова преговарачка рамка ќе преговараме со Софија, наместо со Брисел

од Radmila Tasevska
277 прегледи

„Сите претставници од ЕУ кажуваат дека нова преговарачка рамка, без согласност од сите 27 земји-членки на ЕУ не е возможна. Било која следна преговарачка рамка мора да биде прифатена и од Бугарија што не враќа во почетна положба повторно да преговараме со Софија, наместо со Брисел“ рече пратеникот од СДСМ, Ненад Коциќ во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека ако тоа е целта на ВМРО-ДПМНЕ, тогаш со блокада на уставните измени се на вистинскиот пат.

„Сметам дека тоа е промашена мисија и дека Македонија само ќе изгуби со тоа“ рече Коциќ.

Пратеникот од СДСМ рече дека сите претставници кои ја посетија земјава изминатиот период кажуваат дека Северна Македонија има целосна поддршка за евроинтеграцијата врз основа на оваа преговарачка рамка.

„Кога германскиот Бундестаг донесе резолуција за македонскиот јазик и идентитет, дури ни сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ не ја поддржа и не гласаше за. Тоа покажува дека ВМРО-ДПМНЕ воопшто не работи за евроинтеграцијата на Македонија. Тоа е доказ“ рече Коциќ.

Слични содржини