Премиерот Димитар Ковачевски, во рамки на работната посета на Њујорк, денеска имал средба со Џасвиндер Каира, управен директор во групацијата „Блекстоун“.
Како што соопшти прес-службата на Владата, Ковачевски и Каира на средбата разговарале за енергетската трансформација на државата, за проектите во областа на енергетиката, дигитализацијата, телекомуникациската инфраструктура и сајбер безбедноста.
-„Блекстоун” е водечка американска инвестициска групација со седиште во Њујорк која е активна во повеќе сфери – инвестициски фондови, кредитирање, недвижности, инфраструктура, енергетска транзиција и осигурување. Групацијата има над 230 компании во сопствено портфолио за кои обезбедуваат долгорочен раст преку различни инвестиции во повеќе сектори, и се инвестициска компанија која придонесува кон развој на глобалната економија и економски раст, наведува Владата во соопштението.