Салковски до Костадиновска Стојчевска: Ниту еден македонски филм не е почнат со снимање оваа година

од Radmila Tasevska
195 прегледи

Ниту еден македонски филм не е почнат со снимање оваа година, а дури 17 играни филмови, малцински копродукции, документарни и анимирани филмови поддржани од Агенцијата за филм чекаат на Министерството за култура да бидат реализирани“, истакна филмскиот продуцент Томи Салковски во директно соочување со министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, во вечерашната емисијата „Аргумент плус“ на телевизијата „24 Вести“.

Салковски смета дека буџетските средства треба да бидат обезбедени во согласност со предвидената динамика на реализација на филмските проекти, а не дури во декември, како што најавува министерката за култура.

Продуцентите пред било што да почнат, треба да извадат банкарски гаранции кои изнесуваат 25 отсто од вкупната сума за снимање на филмот, за кои се потребни залог во имот или во парични средства, и плус банкарски провизии. Додека не се сигурни дека Агенција за филм ќе им префрли пари, тие не можат да почнат со работа.Парите им се потребни веднаш за да почнат со снимање, а не дури во декември.

Според Салковски, единствено филмската уметност во Македонија игра 100 проценти според европски правила.

„Доколку уште утре да влеземе во ЕУ, ние нема што повеќе да искористиме, бидејќи веќе сега сме членки на сите релевантни европски организации. Станува збор за филмска уметност, специфична дејност, а не за обични производи на пазар. Не е како во другите дејности. Ако се скратат средства оваа година, тоа ќе се почувствува дури за три години. Кратењата за време на корона кризата во филмот дури сега ги чувствуваме“, нагласи Салковски.

Слични содржини