Ford Ranger Hybrid со шест тркала

од Vladimir Zorba
235 прегледи

Новата понуда за Ford Ranger од компанијата Ricardo вклучува дополнителна оска и зголемена носивост на овој пикап.

Рикардо наводно го дизајнирал Ford Ranger HEX 6×6 за да ги зголеми капацитетите за носивост и теренските можности. Модифицираниот пикап сега има носивост до 3.800 килограми, што е значително зголемување во споредба со стандардната верзија на пикапот.

Хибридниот систем има електричен погонски агрегат со 210 kW/286 КС, заедно со 3,0 литарски V6 дизел мотор со 186 kW/253 КС.

Можна е и поевтина варијанта 6х4.