Песков: Парламентот на Канада треба да го осуди нацизмот, оставката на спикерот не е доволна

од Radmila Tasevska
489 прегледи

Кремљ денеска соопшти дека оставката на претседателот на Долниот дом на Парламентот на Канада, Ентони Рота, не била доволна поради јавните пофалби за „канадски херој“ кој се борел во Украина во Втората светска војна, но се покажа дека се борел на страната на нацистите.

Москва бара и Парламентот на Канада јавно да го осуди нацизмот, а властите да го уапсат 98-годишникот.

Рота го покани Јарослав Хунка, украински припадник на доброволните германски единици Вафен-СС во Втората светска војна, да присуствува на минатонеделната седница на Парламентот, на која присуствуваше и украинскиот претседател Володимир Зеленски, и го нарече „херој“, по што Пратениците му аплаудираа.

-Се разбира, тука разумот ја диктира потребата од некаква осуда на нацизмот. Парламентот мора да го стори тоа, инаку ќе биде извалкан од тој аплауз, рече Песков и ја повика Канада „да го изведе тој криминалец пред лицето на правдата“.

Слични содржини