195
Албанскиот премиер Еди Рама денеска побара КФОР да ја преземе контролата на северот на Косово.
На прес-конференцијата тој оцени и дека треба да се промени форматот на дијалогот меѓу Белград и Приштина, кој, според него, треба да се подигне на конеферециско ниво.
Истовремено, смета тој, Европската унија и евроатлантската заедница треба да бидат претставени на највисоко ниво, а Франција и Германија на ниво на претседател и канцелар.