Министерот за правда Кренар Лога се сретнал со претставници на Синдикатот на УПОЗ. Како што денеска соопштија од Министерството за правда, на средбата се разговарало за актуелните протести, проблеми и барања со кои се соочуваат судската и јавнообвинителската служба.
– Министерството за правда ќе достави Информација до Владата, во соработка со Министерството за финансии да се разгледа можноста за отпочнување на процес на преговори со Синдикатот на УПОЗ со цел да се најде заедничко решение и да не се закочи процесот со движење на предмети во судовите и јавните обвинителства, се наведува во соопштението од Министерството.
Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деановски изразил благодарност до министерот Лога за неговите напори и заложби за решавање на проблемите на вработените.